social image

Апликативна дејност

Апликативната дејност на Институтот за Сточарство и Рибарство вклучува широк спектар на активности насочени кон подршка на сточарските и рибарските практики,подобрување на технологиите за производство и одржливост.

Подготовка и изработка на елаборати, програми и студии за оформување на сточарски фарми.

Соработка со фарми од сите видови во доменот на водење на матично книговодство и селекција.

Учество во активности за реализација за биолошка разновидност во сточарството.

Изработка на нормативи за исхрана на повеќе видови на домашни животни.

Хемиски анализи на млеко и млечни производи.

Хемиски анализи на концентрирана и кабаста сточна храна.

Изработка на економска анализа во делот на чинење на одредени сточарски производи.

Реализација на хемиска и биолошка анализа на храна за сите видови на риби.

Спроведување на порибувања на речни и езерски ревири со речна,поточна и охридска пастрмка.

Одгледување на подмладок за спроведување на вештачки мрест од речна пастрмка,охридска пастрмка,јагули и др.

Заштита на биолошката разновидност во рибарството (заштита на автохтони видови на риби- Вретенар, lat. zingel balcanicus).