social image

Лаборатории

Лабораторија за храна и животна средина при Центарот за исхрана и прехранбена технологија

Лабораторијата за храна и животна средина при Центарот за исхрана и прехранбена технологија, врши хемиски испитувања на храна, добиточна храна, вода и почва. Аналзиите се вршат за потребите на научно-истражувачки проекти, едукативни и апликативни активности, како и по барање на правни и физички лица. Сите анализи се спроведуваат согласно важечката законска регулатива, од страна на стручен и високо-квалификуван кадар со долгогодишно работно искуство во областа. Лабораторијата располага со современи мерни инструменти и прибор, неопходни за прецизни и точни анлитички активности.

Лабораторија за млеко

Центарот за млекарство се занимава со научни и апликативни истражувања во областа на млекото и млечните производи, со акцент на квалитет, безбедност, технолошки својства и нутритивна вредност на суровото млеко и млечните производи, како и развој и оптимизација на современи технолошки процеси во млекопреработувачката индустрија.

Ихтиолошка лабораторија

Ихтиолошката лабораторија се занимава со научни и апликативни истражувања во областа на рибарството и аквакултурата. Во лабораторијата се вршат анализи на квалитетот на водата, исхраната и условите за одгледување, со цел подобрување на производството и заштита на водните ресурси. Лабораторијата активно учествува во научни проекти, едукација и соработка со домашни и меѓународни институци