Актуелно
Во периодот од 25-28 Март, 2026 год. директорот на Институтот за сточарство и рибарство-Скопје, проф. д-р Никола Пациновски, реализираше посета на Факултетот за Агробиотехнички науки, при Универзитетот Јосип Јурај Штросмаер во Осиек, Р. Хрватска, како дел од соработката предвидена во Меморандумот за соработка со овој факултет, потпишан на ден 23.09.2025 год.
При посетата беше остварена средба со деканот на Факултетот проф. д-р Томислав Винковиќ, со продеканот за наука и постдипломски студии проф. д-р Жељка Клир Шалавардиќ, со проф. д-р Звонко Антуновиќ, како и со повеќе колеги од Заводот за анимално производство и биотехнологија.
Главен акцент при посетата беше ставен на размена на академски кадар за наставни и научно-истражувачки цели (формирање стручни комисии и рецензентски тела за одбрана на теми од втор и трет циклус студии), реализација на заеднички меѓународни проекти, како и користење на лабораториските ресурси со кои располага овој факултетот. Посетата беше реализирана заедно со колеги од Факултетот за биотехнички науки во Битола.