Актуелно
На ден 7.9.2026 год. Асс.м-р Ирина Маневска од Центарот за рибарство при Институтот за
сточарство и рибарство - Скопје, Универзитет
„Св. Кирил и Методиј" во Скопје jа одбрани
докторската дисертација со наслов: „Примена на адитиви-суплементи во храната за крап (Cyprinus carpio) одгледуван во интензивен
кафезен систем". Одбраната се одржа во Едукативниот центар на Институтот, под менторство на проф. д-р Васил Костов.
Настанот има посебна симболика, со оглед на тоа што е првата одбранета докторска дисертација во Институтот, во рамките на
наставната програма „Рибарство", со што
кандидатката се стекна со титулата Доктор на науки по рибарство, прва од ваков вид во Македонија.