Институтот за сточарство и рибарство-Скопје, како организациона единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, освен научно-истражувачка врши и високо-образовна дејност. Современата опрема, стручниот и искусен кадар во областа и мултидисципинарниот пристап кон научното подрачје земјоделски и ветеринарни науки, овозможи Институтот да акредитира студиски програми и тоа: Зоотехника - студиска програма од втор циклус академски студии (постдипломски студии); Зоотехника и агроменаџмент и Рибарство - студиски програми за трет циклус (докторски) студии.