social image

70 години посветеност на македонското сточарство и рибарство

Институтот за сточарство и рибарство е основан во 1952 година и претставува една од најстарите научни институции во земјата во областа на аграрните науки. Денес функционира како научна институција и е составен дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Во текот на своето повеќедецениско постоење, Институтот поминал низ шест развојни фази, со јасна насока кон научна извонредност и примена на знаењето во пракса. Од скромни почетоци со ограничени ресурси, денес Институтот се истакнува со стручен кадар, современа опрема и континуирана заложба за унапредување на сточарството и рибарството.

Фокусот останува на научноистражувачка работа, развој на наставата и апликативни решенија кои придонесуваат за одржлив и конкурентен аграрно-прехранбен сектор во Македонија.


Настава

Институтот за сточарство и рибарство нуди современа настава на постдипломски и докторски студии во областа на сточарството и рибарството, спроведена од стручен и искусен кадар.


Објави

Посета на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) 11.6.2025 На ден 20.02.2025 година, мрестилиштето „Шум“ во с. Шум, Струшко, кое работи во рамките на УКИМ Институт за сточарство и... Види детали
Празникот на сесловенските просветители 11.6.2025 На ден 23.05.2025 год. во чест на празникот на сесловенските просветители, претставници од УКИМ Институт за сточарство и... Види детали
Меѓународната научна конференциіа "КРМИВА" 11.6.2025 Во периодот од 26-28 Maj, 2025 година, колеги од УКИМ Институт за сточарство и рибарство - Скопе, присуствуваа на меѓуна... Види детали
Види ги сите нови блог статии

Банери

Одбери го УКИМ

УКИМ го комбинира најдоброто од формалното и неформалното образование - токму за твојата генерација.