На ден 23.05.2025 год. во чест на празникот на сесловенските просветители, претставници од УКИМ Институт за сточарство и рибарство - Скопје, положија цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј, на платото на Универзитетот. Овој ден не повикува да го одбележиме исклучителното и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значенье за Европа, светот и Република С. Македонија, изразено преку нивните мисии мегу словенските народи во деветтиот век.
Нека се вечни споменот и почитта кон нивното дело, кое остави траен печат како во историјата на македонскиот народ и култура, така и во историјата на сите словенски народи.